Радио Кочани
Кочани

Претрес во Виница, приведени пет лица, расчистени 13 кривични дела

7,623

Полициски службеници од ОВР Виница по преземени мерки и активности, расчистија 13 кривични дела од кои шест „тешка кражба“, три „тешка кражба во обид“ и четири „кражба“, извршени во куќи и викендици на подрачјето на Виница, при крајот на минатата и на почетокот на оваа година.

Како што информира МВР, поради сомнение дека ги извршиле кривичните дела, од слобода се лишени О.И. (30), А.И. (20), Џ.И. (26), Т.И. (32) и Б.Д. (18), сите од Виница.

– При претрес по судска наредба во домот на осомничените биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Во полициска станица бил извршен службен разговор со осомничените кои ги признале кривичните дела, соопшти МВР и нагласи дека поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе