Радио Кочани
Кочани

Maлолетно девојче oд Кочани избегало од возилото во кое две лица насилно ја внеле…

4,681

Во полициската станица во Кочани, 31-годишна жена од Кочани пријавила дека на 4 јануари околу 18.00 часот во Кочани, две лица со употреба на сила ја внеле нејзината малолетна ќерка во патничко возило со штипски регистарски ознаки, од каде по некое време таа успеала да побегне и се вратила дома.

 

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе