Радио Кочани
Кочани

26 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД ВИНИЦА ПРОНАЈДЕНО МРТВО ВО СОФИЈА…

8,738

Македонски државјанин од Виница викендов бил пронајден мртов во Софија, објави „Слободен печат“, повикувајќи се на бугарското Министерство за внатрешни работи.

Како што објави медиумот, станува збор за 26- годишниот С. С. од Виница кој бил пронајден починат во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија.

Од Министерство за надворешни работи (МНР) соопштија дека преку македонското МВР веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и дека се во комуникација со надлежните органи во соседна Бугарија.

„Известуваме дека Министерството за надворешни работи, веднаш штом доби информација за починат наш државјанин, С. С. во Република Бугарија, преку Амбасадата на Северна Македонија во Софија, стапи во контакт со надлежните органи, од каде доби првични информации за случајот. Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата“, велат преку соопштение од МНР.

Од МНР додаваат дека за деталите на случајот ќе известат дополнително.

Претходно, на социјалните мрежи се ширеше фотографија од сега починатото момче, за кое пишува дека извесен период работел и престојувал во Бугарија. Причините за смртта на 26-додишниот Виничанец засега се непознати, а од МВР на Бугарија за „Слободен печат“ изјавиле дека телото на починатиот е на обдукција и се чека став на Јавното обвинителство во Софија.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе