Радио Кочани
Кочани

Извршена распределба на социјалната зграда во Виница

774

АНКЕТА

Ќе има ли парламентарни избори во 2023 година?

Министерството за транспорт и врски денеска изврши електронска прелиминарна распределба на социјалната зграда во Виница. Зградата е со вкупно 36 станбени единици, изградена по Програмата за ранливи категории граѓани.
-Право на учество на јавниот оглас кој беше распишан преку Министерството за транспорт и врски имаа категории на граѓани кои се од социјален ризик и тоа –  деца без родители со навршени 18 години, корисници на загарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост или семејства со лица со попреченост, лица од социјално загрозени категории припадници на Ромската заедница и самохрани родители со малолетни деца, информираат од Министерството за транспорт врски На прелиминарната листа се најшле 32 лица кои ги исполнувале условите пропишани во јавниот повик. -Потенцираме дека ова е само прелиминарна распределба и не е конечна. Во следниот период Комисијата за распределба на социјалните станови ќе изврши увид кај семејствата кои се најдоа на прелиминарната листа.  По завршување на теренскиот увид, ќе биде утврдена и конечната листа на добитници на станови, нагласуваат од Министерството. Сите социјални станови што ќе останат нераспределени, велтат оттаму, ќе се префрлат во Комисијата за станбени прашања при Владата, каде ќе може да се доставуваат документи за нивна распределба. Од Минстерството информираат и дека до крај на оваа година ќе се изврши распределба и на социјалната зграда во Свети Николе. Преку Проектот за изградба и одржување на социјални станови до сега се изградени или во фаза на изградба се повеќе од 850 социјални станови. Во завршна фаза е изградбата на социјалните згради во Демир Капија, Неготино и Гевгелија, а исто така континуирано се градат социјалните станови во општина Бутел, во Велес, Кочани и во Дебар.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. ПрифаќамПовеќе