Радио Кочани
Кочани

Младинска крводарителска акција во Кочани – собрани 25 крвни единици

614

Црвениот крст  – Општинска организација Кочани денеска ја реализираше младинската крводарителска акција на која крв даруваа 25 крводарители.

Младинската акција се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје и беше наменета за ученици и вработени во средните училишта во Кочани, студенти и млади лица.

– Согласно Годишниот план за крводарување, Црвен крст Кочани ја реализира планираната младинска крводарителска акција наменета за учениците и вработените во СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“, како и за сите студенти и млади лица од општините. Младинската акција ја реализираме во СОУ „Љупчо Сантов“ со цел да бидеме поблиску до младите и со тоа да им овозможиме за прв пат да даруваат крв и да се приклучат во големото семејство на крводарители – истакнаа од Црвен крст – Кочани.

На младинската акција најголем дел од дарителите даруваа крв за прв пат. Акцијата беше 21 – по ред што годинава ја реализира Црвениот крст . Во текот на годината Црвен крст – Кочани  реализира две младински крводарителски акции, најчесто напролет и наесен.
До крајот на календарската година планирано е да се реализираат уште две крводарителски акции и тоа во Општина Зрновци и редовната граѓанска акција, последниот четврток во месецот во Црвен крст – Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе