Радио Кочани
Кочани

Претрес во Општина Чешиново – Облешево, пронајдени пушка и муниција

7,175

– Полициски службеници од ОВР Кочани вчера во с.Лепопелци, Општина Чешиново – Облешево го лишиле од слобода Б.Г.(55) од с.Бурилчево.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и три куршуми калибар 16мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе