Радио Кочани
Кочани

Трет Еразмус + Транснационален состанок на проектот „Цели за одржлив развој за ученици“

273

Од 2 до 4 ноември 2022 година во Карловац ,Хрватска се одржа третиот транснационален состанок за наставници од Северна Македонија, Бугарија и Хрватска во рамките на проектот KA226-D49832E2 „Цели за одржлив развој за ученици“ од програмата Еразмус +.
На 3 и 4 ноември 2022 година, учесници од ООУ “Малина Попиванова” од Кочани, го посетија основното училиште Дубовац, град Карловац, Хрватска. За време на посетат се одржа и транснационален состанок кој траеше два дена, а на кој учествуваа учесници од трите држави учесници во проектот.

Домаќините ги пречекаа учесниците со богата музичка програма, и со кратка туристичка тура низ градот Карловац, гостите имаа да ја почувствуваат неговата атмосфера. Сите работни сесии, средби и посети се одвиваа според однапред планираната програма на љубезните домаќини. Посетата на основното училиште Дубовац се претвори во вистинска размена на идеи и добри практики.

Учесници во проектот се: ООУ “Малина Попиванова: ,Кочани (координатор на проектот); Невладината организација “Еко- Логик” ,Скопје(проектни партнери)
ОУ “Дубовац”, Карловац Хрватска (проектни партнери) и ОУ “Кирил Христов” Стара Загора, Бугарија (проектни партнери)

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе