Радио Кочани
Кочани

ОО СДСМ КОЧАНИ – СО НОВАТА ЦЕНА НА ВОДАТА – НОВ ЦЕНОВЕН ШОК

924

Почитувани,

На денешната седница советничката група на ДПНЕ успеа да го изгласа покачувањето на цената на геотермалната вода.

Последиците од оваа одлука се катастрофални и директно ќе удрат по џебот на граѓаните.

Цената на раноградинарските производи ќе се зголеми и дополнително ќе го оптерети семејниот буџет. Тоа значи дека граѓаните ќе плаќаат повисоки цени на домашни производи за чие одгледување дури имаме и домашен енергенс – геотермалната вода.

Никој не е должен да плаќа за неспособноста на менаџерскиот тим на Водовод и делата на ДПНЕ кои се секогаш спротивно од интересите на граѓаните!Дали се трасира пат за новите 100 вработувања кои се планираат во КЈП Водовод?

Со почит,
ОО на СДСМ Кочани

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе