Радио Кочани
Кочани

Утре Кочани домаќин на меѓународниот турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“

547

Во Кочани ќе се одржи одржи традиционалниот 22.Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“.

Турнирот ќе се одржи во спортката сала „Сашо Лазарев – Чапо со почеток во 11 часот.

На турнирот учествуваат момчиња и девојчиња:

– момчиња во категоријата 2009-2012 во шест категории,

– момчиња во категоријата 2006-2008 во две категории и

– девојчиња во категорија 2010-2012 во две категории.

Учество на турнирот имат најавено екипите на Балканец, Бучим, Бучим шампион (Конче), Киро Ристов (Таринци), Лирија, Карбинци, Борец, 7 Мај, Вардар, а се очекува настап и на натпреварувачи од Грција и Бугарија.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. ПрифаќамПовеќе