Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Денеска во општинската сала, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и министерот во Владата задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи го потпишаа договорот за отварање канцеларија во рамки на проектот Центар за дијаспора.
Оваа канцеларија ќе работи со цел обезбедување помош, поддршка и полесно добивање на информациите на нашите согрѓани кои живеат надвор од државата, забрзување на постапките кои ги водат иселениците итн.
Канцеларијата во рамки на проектот Центар за дијаспора која ќе има посредничка улога помеѓу иселениците и институциите ќе функционира во склоп на зградата на Општина Кочани, кадешто ангажираните лица ќе бидат веќе вработените во локалната администрација.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава