Општинската организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше предвидената граѓанска крводарителска акција за месец октомври.
На редовната крводарителска акцијата крв даруваа 35 дарител и истата се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
-Акцијата е седумнаесета крводарителска акција што годинава ја спроведува Општинската организација на Црвен крст – Кочани, а десетта во просториите на Црвениот крст. На акцијата крв даруваа 35 крводарители од кои десетсе млади лица до 30 годишна возраст и имавме четири првократни крводарители. Ја користиме приликата да се заблагодариме на крводарителите кои денеска даруваа крв и помогнаа во успешно спроведување на акцијата – истакнаа од Црвен крст – Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на Црвениот крст.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе