Радио Кочани
Кочани

„Ин Виница веритас“ од 17 до 21 октомври

293

Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ годинава ќе се одржи од 17 до 21 октомври по 14 – ти пат во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Во текот на овие четири дена ќе можеда се проследи програма составена од изложба на карикатури, комедија и афоризми.
Содржините започнуваат в понеделник во 19:30 часот кога ќе биде отворена изложба на карикатури, на која ќе бидат прогласени најдобрите од конкурсот на тема „Жената – глава на семејството“.
Потоа, во вторник од 20 часот е стендап настап со Тино и Атанас, а в среда – претставата „Пациенти“ на Театарот „Провокација“ од Скопје. Стендап комедија со актерите Јагода Јовановиќ, Хазим Мујчиновиќ, Ивана Наскова и Срѓан Слијепчевиќ е закажана за в четврток, на 20 октомври.
На затворањето на ова издание на „Ин Виница веритас“, в петок од 19 часот, ќе се одржи Вечерта на македонски афоризми, а во текот на денот во основните училишта во Виница ќе се реализираат едукативни часови по карикатура и афоризми.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе