Радио Кочани
Кочани

Асфалтирање на три пешачки мостови и санација на асфалтна површина

892
Деновиве Општина Кочани изврши заштита на арматурата од корозија и асфалтирање на три пешачки мостови во градот.
Станува збор за два моста, кои и двата се спој на тротоарските површини на улиците „Борис Трајковски“ со „Гоце Делчев“, едниот од нив се наоѓа кај џамијата.
Третиот асфалтиран пешачки мост се наоѓа кај судот, ги спојува тротоарските површини на улиците „Никола Карев“ и „Иво Лола Рибар“.
Истовремено се изврши санација на асфалтната површина на спојот на улицата „Тодосија Паунов“ со улицата „Плачковица“.
Изведувач на работните активности е фирмата „Ленди Груп“.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе