Радио Кочани
Кочани

Кои се топ 10 најголеми работодавачи – кочански Амфенол на трето место во Македонија

1,963

Во првите 10 најголеми работодавачи во 2021 година работеле 25.647 работници. Во 2020 година, пак, во истите овие компании работеле 25.443 работници, или 204 работници помалку.

Она што може да се забележи е дека од ТОП 10 работодавачи, само 4 се во Скопје, додека другите се во другите градови.

Најголемиот работодавач е во Кавадарци, а тоа е компанијата ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА. Во 2020 година, ова компанија беше втор најголем работодавач. Да потсетиме, станува збор за компанија за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата минатата година направила приход од 60,7 милиони евра, а добивката и била 2,7 милиони евра.

Вториот најголем работодавач бил КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ од Битола, поточно од индустриската зона Жабени, со 5.368 вработени. Ова компанија има мало намалување на бројот на  вработени во однос на 2020 година. Тоа, како и растот на вработените во ДРЕКСЛМАЈЕР ја турнаа компанијата на второ место по број на вработени, иако во претходните години беше најголем работодавач. И оваа компанија е од дејноста производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Компанијата лани направила приход од 211 милиони евра, а добивка од 2,5 милиони евра.

Третиот најголем работодавач е АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ од Кочани. Во оваа компанија лани работеле 2.185 работници, дури 357 повеќе отколку во 2020 година. Тоа ја довело компанијата лани на третото место по број на вработени, додека во 2020 година била на 7-мо. Оваа компанија е дел од американска корпорација, во Кочани има повеќе погони , а тие произведуваат кабли за автомобилската индустрија.

Еве кои се 10-те најголеми работодавачи во 2021 година:

ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ, САМО ДВА СЕ ВО ТОП 10 ПО ДОБИВКА

Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека од овие 10 најголеми работодавачи, само два се во друштвото на ТОП 10 компании по добивка, а тоа се „Макпетрол“, каде со 1.870 вработени е направена добивка од 22,3 милиони евра и „Алкалоид“, каде со 1.860 вработени е направена добивка од 20,8 милиони евра.

Ако пак, се споредат ТОП 10 компании со најголем приход во однос на ТОП 10 работодавачи, може да се види дека и во едната и во другата група се само „Макпетрол“ со приход од 365,5 милиони евра и „Кромберг и Шуберт“ со приход од 211 милиони евра.

КОЛКАВ ПРИХОД И ДОБИВКА НАПРАВИЛЕ НАЈТРУДОИНТЕНЗИВНИТЕ КОМПАНИИ?

(ВО ЕВРА)

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе