Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Активности топлотен бран 2026
Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани денес спроведе активности за заштита од топлотниот бран на населението во Кочани.
На кружниот тек кај полицијата и на Градскиот пазар во Кочани волонтери делеа едукативни флаери со совети за заштита од топлотен бран.
За време на најтоплиот период од денот од 10 ч. до 17 ч. :
– избегнувајте напорни физички активности на сонце
– постојано внесувајте течности
– избегнувајте мрсна калорична храна
– носете светла лесна облека и заштитни очила и капа
Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош
Напиjте се вода за да се рехидрирате!!
