Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Пожар во Спанчево зафати стрништа и земјоделски површини со жито, јачмен и лешник
На 08.07.2026 во 13:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека кај место викано „Горно поле“ и „Бањска патешка“ во с.Спанчево, кочанско настанал пожар од кој биле зафатени стрништа и ниви насадени со жито, јачмен и лешник, во сопственост на Д.Ѓ.(66) од с. Спанчево.
Повредени лица нема.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.
Извршен е увид.
