Радио Кочани
Кочани

В сабота – Зрновци и Чешиново-Облешево заеднички ќе спроведат авионско прскање против комарци на 700 хектари

181

Во рамки на договорот за меѓуопштинска соработка, Општина Зрновци и Општина Чешиново-Облешево в сабота, 11 јули, ќе спроведат заеднички адултициден третман против комарци со авионско прскање, со цел да се постигне поголема ефикасност во намалувањето на популацијата на комарци на територијата на двете општини.

Третманот ќе започне во раните утрински часови, од 04:30 часот, при што активностите ќе траат до 08:00 часот.

Со заедничката акција ќе бидат опфатени вкупно 700 хектари, од кои 500 хектари на територијата на Општина Чешиново-Облешево и 200 хектари во Општина Зрновци.

Од двете општини апелираат до граѓаните во периодот на спроведување на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено, додека сопствениците на пчелни семејства навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите.

Доколку временските услови, како дожд или силен ветер, не дозволат реализација на третманот во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено за првиот нареден ден со поволни временски услови.

Од локалните самоуправи истакнуваат дека координираното спроведување на адултицидниот третман е резултат на меѓуопштинската соработка и има за цел да обезбеди поголем ефект во контролата на комарците, особено во периодот кога нивната бројност е најизразена.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio