Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Реализирана првата фаза од авиопрскањето против комарци во Кочани и Кочанско
Утрово, на територијата на општина Кочани e реализирана првата фаза од авионското третирање против комарци.
Активностите ги спроведоа стручни екипи на Друштвото за воздушен транспорт „Аероклуб“ – Скопје, со поддршка од Општина Кочани.
Третманот е извршен со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид, одобрен од надлежното Биро за лекови.
Со реализацијата на оваа мерка, Општина Кочани ги продолжува активностите насочени кон превенција и заштита на јавното здравје во летниот период, во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести и во рамки на спроведувањето на превентивната систематска дезинсекција.
