Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
27-годишник од Градец приведен во Виница: Возел пијан, без дозвола и без регистарски таблички
На 25.06.2026 во 01:20 часот на ул.„Славчо Стоименски“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.А.(27)од с.Градец, виничко.
При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „сета ибица“ без регистарски таблички и по извршени проверки и извршено алкотестирање било констатирано дека го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,43 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
