Радио Кочани
Кочани

Пари има, вода нема: Фонтаните во Кочани не работат среде лето

157
Според Програмата за одржување на фонтани на Општина Кочани, за 2026 година се предвидени вкупно 400.458 денари за одржување на градските фонтани.
Од нив, 200.458 денари се наменети за фонтаната „Зрно“, а 200.000 денари за фонтаната во Паркот на Револуцијата.
Сепак, и покрај предвидените средства во општинскиот буџет, граѓаните реагираат дека фонтаните и оваа година не се ставени во функција навреме.
Иако летната сезона е во тек и високите температури веќе се секојдневие, фонтаните во градот сè уште не работат, оставајќи впечаток на неодржуван јавен простор во период кога тие треба да придонесат за поубав амбиент и освежување во урбаното јадро.
Непосредно по објавувањето на прилогот на радио Кочани, Локалната самоуправа реагираше експресно при што во Паркот на Револуцијата, фонатаната се полнеше со вода и се очекува во текот на денешниот ден да биде ставена во функција.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio