Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Почитувани верници,
Денес по социјалните мрежи почна да се шири покана за собир во Блатец на кој ќе се разговара за македонско руско пријателство, православна поврзаност и сл.
Должност ни е да Ве информираме дека овој собор НЕ е под покровителство на Црквата, и без знаење и благослов на нашиот надлежен епископ. Со самото тоа се оградуваме од било каква поврзаност со истиот.
Исто така да напоменеме дека храмот каде е закажан собирот е во изградба и не е адекватно место за вакви собири.
Црквата го демантира и не го одобрува овој собор бидејќи е без нејзино знаење.
Црквата е македонска и му припаѓа на народот Божји од Блатец и на сите луѓе, а е под управа на МПЦ – ОА.