Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 08 јуни (понеделник), во присуство на претседателот на Владата на Македонија,Христијан Мицкоски, министри, претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, свечено ќе биде пуштена во употреба новата фабрика за производство на вафли на ВИНЧИНИ- инвестиција од 8,5 милиони евра реализирана за само шест месеци.
Новата фабрика располага со две современи производствени линии и претставува значаен чекор во развојот на компанијата Макпрогрес и брендот ВИНЧИНИ. Со почетокот на работата веднаш се отвораат 40 нови работни места, а во текот на следната година се планирани уште 40 дополнителни вработувања.
Воедно, производствените капацитети на ВИНЧИНИ ќе се зголемат за околу 30 проценти.
Општина Виница ја поздравува оваа значајна инвестиција како силен поттик за локалниот економски развој, отворањето нови работни места и јакнењето на индустрискиот потенцијал на регионот.
Виница продолжува да се развива како значаен индустриски и извозен центар во Источниот плански регион. Отворањето на новата фабрика на ВИНЧИНИ претставува силна потврда за довербата во локалната економија, домашното знаење и квалитетот на македонското производство.
По свеченото пресекување на лентата, делегацијата ќе ги посети новите производствени капацитети и ќе се запознае со современите технологии и производствени процеси кои ќе придонесат за понатамошен раст на македонската прехранбена индустрија и нејзината конкурентност на светските пазари
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Претходна објава
Може ќе ви се допадне
