Радио Кочани
Кочани

В понеделник започнуваат Петровденските пости – годинава ќе траат 34 дена

137

Православните верници в понеделник, 8 јуни, ги започнуваат Петровденските пости, кои ќе траат до 12 јули, кога се празнува големиот христијански празник Свети апостоли Петар и Павле – Петровден.

Годинава постот трае 34 дена.

Во пресрет на почетокот на постот, на 7 јуни се одбележуваат Петровденските поклади, последниот ден кога е дозволено консумирање мрсна храна.

Според православниот календар, денеска, 3 јуни, како и в петок, 5 јуни, верниците можат да употребуваат храна од животинско потекло.

Денешниот ден е посветен и на празникот Свети цар Константин и царица Елена.

Во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ утрово беше отслужена Света божествена литургија, на која присуствуваа бројни верници.

Петровденскиот пост е еден од четирите повеќедневни пости во православната црква и претставува период на молитва, духовно очистување и подготовка за чествувањето на светите апостоли Петар и Павле.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio