Радио Кочани
Кочани

Отворени денови во двете средни училишта во Кочани

162

Во двете средни училишта во Кочани денеска се одржуваат отворени денови, на кои идните средношколци имаат можност директно да се запознаат со условите, наставните програми и струките што ги нудат училиштата.

Активностите продолжуваат и во наредните два дена, кога организирано ќе ги посетуваат ученици од основните училишта од Кочани, Оризари, Чешиново-Облешево и Зрновци.

Во СОУ „Љупчо Сантов“ од септември има можност за упис на 236 ученици, распределени во повеќе образовни насоки: гимназиско образование, економија, право и трговија, хемија и технологија, како и угостителство и туризам.

Во СОУ „Гошо Викентиев“ слободни се 261 место, а учениците ќе можат да избираат помеѓу електротехничка, машинска и сообраќајна струка.

Со тоа, двете средни училишта во Кочани годинава нудат вкупно 497 места за запишување на новата генерација средношколци.

Во Виница, пак, во СОУ „Ванчо Прке“ има можност за упис на 202 ученици, распределени во седум паралелки.

Првиот уписен рок започнува на 12 јуни и ќе трае до 15 јуни преку електронско пријавување, додека доставувањето на документацијата во хартиена форма е предвидено за 16 и 17 јуни.

Резултатите ќе бидат објавени на 18 јуни.

Вториот уписен рок е закажан за 23 јуни, а последниот уписен рок ќе се реализира во август.



© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio