Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
И матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“ ја прославија матурската забава
114 матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“ го прославија еден од најважните денови од својот живот кога стануваат полнолетни, момент кога го поминуваат прагот помеѓу тинејџерските години и сериозноста.
На прославата на матурската вечер, организирано со класните раководители, матурантите продефилираа во холот на училишната зграда по што го одржаа и последниот класен час.
Пред заминување на забавата, матурантите ги испратија со аплауз голем број на пунлика собрана во дворот на училиштето.
Директорот Владо Сименов за Радио Кочани посочи дека и оваа генерација матуранти остави белег во „Гошо Викентиев“.
Матурантите во дилема каде ќе го продолжат школувањето сите по малку збунети на последниот класен час си ветија понатамошни заеднички дружења, а кажаа дека годините поминати во училишните клупи никогаш нема да ги заборават.
Филип Ангелов, Марко Петров и Дамјан Tренков на свеченоста во холот на училиштето беа прогласени за најдобри практиканти при што од комапнијата „Амфенол“ добија подароци.
Благодарници добија и соработниците кои во изминатите години активно ги поддржувале учениците во практичната настава и образовниот процес.
