Радио Кочани
Кочани

Формирано ДПД – Зрновци

141

Во Зрновци денеска официјално беше формирано Доброволното противпожарно друштво – Зрновци, со што општината добива  подготвеност и поддршка во справувањето со пожари и други непогоди.

По повод формирањето беше организирана тактичко-показна вежба што ја изведоа професионалците од Територијалната противпожарна единица од Кочани заедно со доброволците, а претходно беше реализирана и обука за идните волонтери кои ќе бидат дел од друштвото.

Претседателот на друштвото, Борчо Коцев, истакна дека интересот кај граѓаните е голем и дека сè повеќе волонтери се подготвени активно да се вклучат во работата и помошта при итни ситуации.

Поддршка за новоформираното друштво најави и градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, кој посочи дека локалната самоуправа ќе помогне во неговото функционирање и понатамошен развој.

Со формирањето на Доброволното противпожарно друштво, Зрновци прави значаен чекор кон поголема безбедност и побрза реакција при пожари и кризни состојби, а ентузијазмот и заинтересираноста на волонтерите покажуваат дека хуманоста и солидарноста остануваат силно присутни меѓу граѓаните.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio