Радио Кочани
Кочани

71 година Радио Кочани и 16 години Радио Кочани ФМ

3,179

Радио Кочани годинава одбележува 16 години постоење – од класично радио до современ мултифункционален медиум.

Покрај радиофреквенцијата 91,4 мегахерци, денес посебен акцент се става на видео продукцијата, која станува сѐ поважен дел од информирањето, oд која месечниот досега на прегледи ни достигна до 20 милиони.

Со своето присуство на социјалните мрежи и веб платформите, Радио Кочани успешно ја доближува содржината до пошироката публика.

Покрај информативната улога, медиумот активно соработува со дел од најпознатите компании, реализирајќи бројни медиумски и видео проекти.

Тимот постојано вложува во развој, со цел да понуди квалитетна и модерна програма.

А како граѓаните го доживуваат Радио Кочани денес?

Заклучокот од направента анкета на терен е дeка граѓаните велат – Радио Кочани е дел од нивното секојдневие, а особено ги следат и видео содржините на социјалните мрежи.

Со фокус на видео продукција, дигитално присуство и соработка со реномирани компании, Радио Кочани продолжува да расте и да се развива.

Како една од најслушаните фреквенции во регионот, програмата е достапна и преку стриминг, што овозможува да биде следена не само локално, туку и од публиката во странство.

Голема благодарност до нашите верни слушатели, гледачи, следачи и коминтенти – вашата поддршка е нашата најголема мотивација.

Радио Кочани останува блиску до граѓаните, следејќи ги современите медиумски трендови и нивните потреби.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio