Радио Кочани
Кочани

170 ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ – НОВА НАДЕЖ ЗА МНОГУ ГРАЃАНИ

174
Со огромна радост споделуваме прекрасна вест – пристигнаа 170 инвалидски колички, како дел од голема хуманитарна донација за Македонија, која ќе се реализира од нашиот клуб и нашиот партнер GNTC Foundation www.gntcfondi.com

Денес не зборуваме само за донација.
Денес зборуваме за промена на животи.
Овие 170 колички(150 мануелни + ⚡ 20 акумулаторски – автоматски) не се само помагала – тие се:
 слобода на движење
 достоинство
 нова надеж
 За едни – можност повторно да излезат надвор
 За други – полесен секојдневен живот
 За семејствата – олеснување, сигурност и поддршка
 Оваа значајна донација е овозможена од нашите пријатели од GNTC Foundation www.gntcfondi.com од Косово, кои покажуваат дека хуманоста нема граници .
Фондот основан во 2017 година, досега има донирано над 3.000.000 евра, оставајќи силен печат на хуманост и солидарност во регионот.
Голема благодарност до сопствениците на фондот.
 Посебна благодарност и до Project HOPE Macedonia
за нивната поддршка во процесот на увоз.
Дистрибуцијата започнува од следната недела согласно реалните потреби на граѓаните и здравствените институции низ цела Македонија – таму каде што е најпотребно.
До денес, нашиот клуб има донирано над 300 инвалидски колички што значи стотици подобрени животи
 Ова не се само бројки –
ова се реални приказни, реални луѓе и реална надеж.
 Ќе продолжиме и понатаму, затоа што веруваме:
 Заедно можеме повеќе
 Заедно можеме да направиме вистинска промена
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio