Радио Кочани
Кочани

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

162

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов.

По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница.

На примопредавањето присуствуваше и сопстевеникот на „Рото М“, Штефан Павлинјек, како и амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски.

Изјава за Радио Кочани дадоа и командирот на ТППЕ – Виница, Зоран Цонев, инцијаторот Зоран Ефремов, претседателот на Ротари клубот Кочани-Виница, Влатко Тасев и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio