Радио Кочани
Кочани

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

138

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани.

Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска.

Играат членовите на драмското студио:
Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова, Николија Ивановска, Јонус Мустафов, Јана Гацовска, Вера Веселинова, Бојан Коцов, Софиа Богатинова, Петар Тасески, Ангела Личков, Мила Чучурски, Милена Постолова, Анастасија Алексова, Мартин Митев, Ева Марија Антовска и Макарија Иванова.

Премиерата на претставата е закажана за 18 часот во ЦК “Бели мугри”.

На 28,29 и 30 април во денски термини, претставата ќе се изведе за организирани училишни посети наменети за деца од трето, четврто и петто оделение.

Билети може да се купат на билетарата во Центарот за култура по цена од 100 денари.

Со почит,

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio