Радио Кочани
Кочани

СОУ „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник

169

Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник.

По повод 106-годишнината од раѓањето и 82-годишнината од смртта на Викентиев, повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор.

По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици.

Ученик на генерацијата 2022 – 2026 е Матеа Саздова, која воедно е и најуспешна во електротехничката струка. Од машинската струка, за ученик на генерацијата е прогласен Јордан Атанасов, а од сообраќајната струка – Тоше Николовски.

Наградите за најуспешните ученици ги обезбеди Фонадацијата Викентиеви.

Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ Владо Симеонов им врачи награди на учениците членови на тимовите на Макбот пионирс, Up Shift и на Училишниот спортски клуб.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio