Радио Кочани
Кочани

„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“

156

Со средства собрани од донации, граѓанската иницијатива „Support Kocani“ спроведе уште една активност насочена кон помош на лицата погодени од пожарот во „Пулс“.

Во оваа фаза, обезбедени се медицински креми за третман и нега, во вкупна вредност од над еден милион денари.

Станува збор за пакет кој вклучува креми со висок заштитен фактор, препарати за регенерација, како и специјализирани сетови за нега на кожа со изгореници.

Овие производи се внимателно избрани со цел да помогнат во закрепнувањето и подобрување на состојбата кај повредените.

Од иницијативата информираат дека набавката е направена во директна комуникација со засегнатите лица, при што се водело сметка за нивните реални потреби.

Дополнително, процесот е олеснет со поддршка од аптеки, кои излегле во пресрет со попусти.

Производите ќе бидат достапни за подигнување во младинскиот центар „Гнездо“ , каде што ќе се врши нивна распределба до оние на кои им се најпотребни.

Од „Support Kocani“ потенцираат дека остануваат активно вклучени во обезбедување помош и поддршка за погодените граѓани, истакнувајќи дека заедништвото и хуманоста се од исклучителна важност во вакви ситуации.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio