Радио Кочани
Кочани

Кочани го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

109

Со низа активности, Општина Кочани во соработка со невладините организации „Авена“, „Анка“ и „Светла иднина“ ќе го одбележи 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Одбележувањето започнува денеска, 7 април (вторник),  на спортското игралиште во ОУ „Раде Кратовче“, каде што ЗГ „Авена“ организира турнир во мал фудбал со учество на екипи составени од Роми и Македонци.
Централните активности ќе се реализираат в среда, 8 Април. Во 9 часот, пред зградата на Општина Кочани, ќе биде подигнато ромското знаме, по што градоначалникот Владко Грозданов ќе организира прием на граѓани од ромската заедница.
На 8 Април, во 13 часот, во Паркот на Револуцијата, во организација на Здружението „Анка“ ќе се одржи културно-уметничка програма со изведба на драма, концерт со настап на музички групи од Кочани и други градови, како и забава со диџеј.
Вечерната програма продолжува во 19 часот во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, каде што ЦРЗ „Светла иднина“ организира духовна академија на тема „Ромите денес и утре“.
Дводневната програма има за цел да ја промовира културната разновидност, заедништвото и унапредувањето на правата на ромската заедница.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio