Радио Кочани
Кочани

Потпишан договорот за изградба на дом за стари лица во Кочани

10,218

Локалната самоуправа на Кочани склучи договор вреден 247.677.656,01денари или нешто повеќе од 4 милиони евра со компанијата  „Фишер-Тихи“  од  Куманово за изградба на домот за стари лица.

Фирмата ќе ги изврши припремните, земјените, бетонските, браварските и лимарските работи.

Исто така, компанијата „Стентон градба“ од  Битола ќе работи на ѕидарските, фасадерските, изолационите, армирачки, столарски, керамички и други работи утврдени со договорот.

Команиите имаат рок од две години да ги завршат своите работни активности.

Стречкиот дом во Кочани ќе се простира на  површина од околу 4.000 илјади квадратни метри, во кругот на поранешната касaрна.

Објектот ќе располага со четири ката, подпокрив и подрумски простории, ќе биде со капацитет од околу 150 кревети, а предвидени се и простории за медицинска нега, рекреација и социјални активности,  при што ќе се искористат  и геотермалните води.

Домот ќе биде во државна сопственост и за разлика од приватните, ќе понуди подостапни цени.

Инаку, финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени преку унгарскиот кредит.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio