Радио Кочани
Кочани

Во ДК „Тошо Арсов“ во Виница на 25 март отворање на изложба на слики од 33. Лесновска ликовна колонија

63

Поставка на дела изработени во текот на 33 – та Лесновска ликовна колонија ќе се најде пред виничани утре, 25 март, во ДК „Тошо Арсов“.

Изложбата се состои од дваесетина слики работени од 13 учесници на колонијата што се одржа мината години во месец јули, во организација на ДК „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

Свеченото отворање е закажано во 12 часот.

Приказната наречена „Лесновска ликовна колонија“ започнува во1992 година. Низ неа досега  поминале стотици ликовни уметници од различни делови на светот. Насликаното од нив е дел од богата збирка на дела што ја чува организаторот,  ДК „Злетовски рудар“ .

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio