Радио Кочани
Кочани

Од хуманитарната изложба „Трага во бесконечноста“ собрани 240 000 денари, средствата веќе се поделени

357

Од хуманитарната донаторска групна ликвна изложба „Трага во бесконечноста“  посветена на Сара Јорданова, средношколка,  една од 63 – те жртви во трагедијата што се случи на 16 март минатат година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, собрани се вкупно 240 000 денари. Средствата на четири еднакви дела се поделени на три деца без родители од Кочани и на дете без родители во Ресен, соопштија родителите на Сара.

Изложбата „Трага во бесконечноста“ беше поставена во ЦК „Бели мугри“ на 27 – ми минатиот месец и траеше до 6 март. Над 130  слики од ликовни уметници од Македонија и странство беа изложени во  двата салона во Националната установа во Кочани. Повеќе од половината се продадени.

Сара Јорданова, ученичка во кочанската Гимназија, животот го загуби во трагичниот пожар од 16 март 2025. Се бавеше со сликање и музика. Свиреше тапани во бендот „Корка“.

На чинот на отворањето на изложбата на 27 февруари во ЦК „Бели мугри“, присуствуваа неколку стотици луѓе.

 

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio