Радио Кочани
Кочани

Започнаа градежните активности за поврзување на м.в. Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање

820
Започнаа работните активности за реализација на проектот со кој трајно ќе се реши проблемот со тешките товарни возила со кој подолг период се соочуваат жителите на населеното место Тркање.
Со отпочнувањето на изведбените активности се прави конкретен чекор кон воспоставување на ново сообраќајно решение, кое ќе овозможи поврзување на м.в. Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање.
Со ова решение тешкиот товарен сообраќај ќе биде соодветно пренасочен, ќе се намали оптоварувањето низ населеното место и значително ќе се зголеми безбедноста на жителите.
Воедно, ќе се обезбеди побезбедно и поорганизирано исклучување на возилата од компанијата Амфенол, со што дополнително ќе се подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот.
Реализацијата на овој проект претставува важно инфраструктурно решение кое значи поголема безбедност, подобра организација на сообраќајот и поквалитетни услови за живот за граѓаните.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio