Радио Кочани
Кочани

На 26 февруари во „Искра“ – Книжевна работилница „Во светот на бајките“

63

ЈОУБ „Искра“ од Кочани  на 26 февруари 2026 г. организира книжевна работилница насловена „Во светот на бајките“.

Работилницата се реализира по повод Светскиот ден на раскажувањето бајки.

Работилницата започнува во 10 ч. и освен во Кочани истата активност ќе се одвива и во населбата Оризари.

Во просториите на библиотеката во градот, учесници се учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, додека во библиотеката во Оризари, учесници ќебидат учениците од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од оваа населба.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio