Радио Кочани
Кочани

ИО „Ластовица“ го одбележа Светскиот ден на извидниците

104

Светскиот ден на извидниците е потсетник дека со заедништво и добра воља можеме да создадеме „Подобар свет“ кое вооедно е и мото на извидниците.

На 22 февруари, во чест на роденденот на основачот на извидничкото движење, Роберт Баден Пауел, милиони извидници ширум светот се обидинуваат и ја негуваат идејата за пријателсво и солидарност кон заедницата и природата.

Извидништвото ги учи младите на одговорност, тимска работа и почит кон природата и ги предизвикува на различни активности и предизвици.

Оваа година ИО„ Ластовица “ од Кочани овој ден го одбележа со дневен хајк во природа на „Исарот“ во Штип како верни љубители на природата , но и  со предизвик да се искачиме повисоко на Вештачката карпа исто така во Штип.

Љубовта кон природата и чуството за адреналин и возбудата за височини кај младите извидници  беше очигледна.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio