Радио Кочани
Кочани

Ретроспективната изложба на Танас Дедов: „60 години ликовно творештво“ на гостување во Виница

642

Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница денеска е  отворена ретроспективната изложба на Танас Дедов, еден од најплодните и најпознатите ликовни творци од регионот.

Изложбата, која го обележува неговото шестдецениско творештво, вклучува и некои  негови значајни и познати дела, кои ја потврдуваат неговата посветеност кон  сликањето и неговото влијание на развојот на ликовната сцена во Македонија.

-Со оваа изложба, Дедов не само што ги претставува своите најистакнати творби, туку и ја нуди можноста посетителите да го почувствуваат неговиот уметнички пат и инспирација, рече на чинот на отворањето на овој настан, Александра Давиткова, директорка на виничкиот ДК „Тошо Арсов“. цитирајќи извадок од рецензијата што за ретроспективната изложба на сликарот од Кочани, што занего ја има напишано Евтим Клетников, македонски поет и ликовен и книжевен критичар.

Делата на Танас Дедов се вистински сведоштва на неговата долгогодишна посветеност на уметноста, смета Габриела Стефановска, в.д. директор на ЦК „Бели мгри“ од Кочани, под чија закрила добар дел од својата кариера творел Дедов.

Неговата ложбата „Шеесет години ликовно творештво“ во ДК „Тошо Арсов“ во Виница ќе биде отворена за посетителите во наредните две недели.

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio