Радио Кочани
Кочани

Акција на ОВР Кочани и ОВР Виница: Лишени од слобода двајца возачи

1,768

На 16.02.2026 во 13:50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани

го лишија од слобода К.Д.(28) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај,

полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со

кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е

констатирано дека го управувал возилото без претходно положен возачки

испит. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот, против

него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 16.02.2026 во 19:50 часот на магистралниот пат Делчево – Кочани, кај

Виничка крстосница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од

слобода И.В.(25) од Виница. При контрола во патниот сообраќај, полициските

службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со регистарски ознаки

од Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е

констатирано дека го управувал возилото и покрај тоа што имал активна

забрана за управување со моторно возило од Б категогија и дека е под дејство

на алкохол, односно дека има 1,14 промили алкохол во крвта. Возилото е

одземено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде

поднесена соодветна пријава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio