Радио Кочани
Кочани

По речиси шеесетина години во Центарот за култура „Бели мугри“ пристигна новата современа ласерска и мобилна кино-опрема

258

По речиси шеесетина години во Центарот за култура „Бели мугри“ пристигна новата современа ласерска и мобилна кино-опрема од реномирани производители од САД, Јапонија и Австрија во вредност од 1 2000 000 денари, набавена со финансиската донација од Агенцијата за електронска комуникација.

Директорката Габриела Стефановска за Радио Кочани посочи дека во наредните денови ќе следува тест на функционалноста на опремата и обука за вработените за ракување со опремата.

Додаде дека и во тек се и подготовките околу креирање на редовен филмски репертоар, со цел кочанската публика да има разновиден избор и по вкус на сите возрасни категории.

НУЦК „ Бели мугри“ Кочани , навремено ќе ја информира јавноста за терминот на првата филмска проекција и за планираните филмски проекции во наредниот период.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio