Радио Кочани
Кочани

Прекинато судењето за „Пулс“: На газдата на објектот не му било добро, мајка на жртва ги покажа модрите вени од инфузии!

3,100

Потресни сцени, вербални пресметки и прекин на рочиштето го одбележаа денешното судење за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“.

Додека преживеаните сведочеа за стампедото и „спуштениот плафон“ кој станал огнена стапица, одбраната издејствува прекин поради влошената здравствена состојба на еден од обвинетите.

Тензиите го достигнаа врвот кога адвокатката на Гроздан Милковски (сопственик на објектот) побара прекин на судењето бидејќи обвинетиот не се чувствувал добро.

Ова предизвика бурен револт кај родителите на настраданите деца.Мајка на 17-годишна жртва ги засука ракавите пред судијката, покажувајќи ги модрите вени:

Сабајле ми ја откачија инфузијата за да дојдам на судењето, попладне се враќам во болница. Моето дете е во гроб, а овој човек кој ќутеше додека му ги полнеа џебовите, сега е неарен и бара прекин“, низ солзи реагираше мајката.

Иако судијката Дијана Груевска-Илиевска првично даде само пауза, судењето на крајот беше прекинато.

За преживеаните и семејствата на 63-те жртви, најголемиот страв остануваат долгорочните последици од вдишувањето на токсичниот црн чад, додека правдата, барем за денеска, е ставена на чекање.

Извор:4news.mk

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio