Учениците во ООУ „Славчо Стојменски“ второто полугодие го започнаа со прекрасен новитет – во функција е пуштен новоизградениот мини фитнес центар во рамки на училиштето.
Центарот располага со две целосно опремени простории: едната со модерни и современи справи за теретана, а другата наменета за аеробик и пилатес активности.
Со ова, еден дотогаш нефункционален простор е пренаменет во современа мини теретана и фитнес центар, кој веќе станува омилено спортско катче за учениците.
Проектот е реализиран на иницијатива на училиштето, со силна поддршка од Општина Виница и со помош на општествено одговорни компании, што уште еднаш ја потврдува успешната соработка меѓу локалната самоуправа, образовните институции и приватниот сектор.
Вчера се одржа и првиот час во новиот фитнес центар, во присуство на градоначалникот Митко Костадиновски, што претставува уште еден значаен чекор напред во унапредувањето на условите за образование и спорт, како и во развојот на локалната заедница.
Заедно создаваме подобри услови, затоа што учениците го заслужуваат најдоброто.
Инаку, второто полугодие во сите училишта на територијата на Општина Виница започна навремено и непречено, во услови кои ги задоволуваат сите потребни стандарди за овој период од годината.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе