Радио Кочани
Кочани

ОВР Кочани: Во „форд“ со СК таблички пронајдена бела прашкаста материја

459

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј(40) и О.И.(29), двајцата од Скопје.

Според пријавата, на 17.01.2026 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, при што е пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Од судија на претходна постапка, на М.Е.Ј. му е определена мерка притвор од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката. Додека, на О.И. му е определена мерка претпазливост.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio