Радио Кочани
Кочани

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

342

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици.

Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет.

Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за очистување на душата и телото. Водокрст го означува крајот на „некрстените денови“ и нè подготвува за големото објавување на Светата Троица на реката Јордан. С

поред традицијата, по денешниот строг пост, следува големата прослава на Водици, кога верниците традиционално се собираат за спуштањето на светиот крст во водите.

Од кочанскиот црковен храм „Св.Вмч. Георгиј“ велат:

Бидејќи Водокрст (навечерието на Богојавление) оваа година се паѓа во недела, денеска е пост на масло.
Колку напомена доколку некој празник за кој Црквата предвидела строг пост се падне во сабота или недела е благословена употреба на масло.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio