Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Инцидент во приватна фирма во Кочани: пријавен физички напад
На 15.01.2026 во 13:30 часот во Полициската станица Кочани, С.Г.(51) од Виница пријавил дека околу 13.10 часот на работното место во приватна фирма во Кочани бил физички нападнат од Т.А. од с.Тркање, кочанско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.