Радио Кочани
Кочани

Градоначалникот на општина Виница, Митко Костадиновски го посети домот на првото новородено дете

265
Градоначалникот на општина Виница, Митко Костадиновски денеска го посети домот на првото новородено дете во општина во 2026 година.
Костадиновски за Радио Кочани вели:
На првиот жител во 2026 година, малата Алина, испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството Салиови, но и на општината.
Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да им посакам многу љубов и дечињата да им го развеселуваат домот.
Алина Салиова е родена на 07.01.2026 година во Штип и е трето дете во семејството Салиови.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio