Радио Кочани
Кочани

Средба на градоначалникот Владко Грозданов со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А

1,144

Градоначалникот Владко Грозданов и претставници на Одделението за урбанизам од Општина Кочани остварија средба со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А, со цел да најдат најсоодветно решение за проблемот со бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на овој блок.

Градоначалникот Грозданов потсети на реакциите на станарите од Трговскиот центар блок А за узурпираната тераса и за ширењето на непријатните мириси од кујните на угостителските објекти.

Градежниот инспектор при Општина Кочани соопшти дека доколку сопствениците ги отстранат своите објекти самоиницијативно, ќе бидат прекинати актуелните кривични постапки во врска со овој предмет. Во меѓувреме Општината треба да понуди унифицирано решение за овие објекти, соодветно на намената и на безбедносните стандарди на јавната површина.

Сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А, начелно се согласија до крајот на март да почнат со отстранување на објектите. Потоа Општина Кочани треба да обезбеди решение за користење на овој простор согласно актуелните законски прописи.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio