Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Неколку часа по полноќ, 7, јануари 2026 година околу три часот на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Виолета Димитровска од Оризари го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Миха и е втора рожба во семејството Димитровски.
Бебето е родено со тежина од 3.500 грама и 53 сантиметри должина.
Трдиционално, како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов ги посети мајката и новороденчето.
Врачувајќи им ги традиционалните подароци им посака добро здравје и многу среќа, а упати и благодарност до персоналот што го изврши породувањето.
Исто така, Локалната самуправа на Кочани обезбеди подарок – телевизор за перосоналот на акушерското одделение.

Спореде податоците од гинекологот Илчо Атанасовски породувањето поминало добро.
Негова оценка е дека 2025 година ја поминале со 17 породувања, 1.600 прегледи, како и 230 хоспитализации.

Радио Кочани на семејството Димитровски им посакува многу здравје, среќа и да бидат горди родители на малиот Миха.
